21.8 C
Скопје
14:45 - 27 септември, 2026

Јелена Карлеуша проговори за новиот дечко: „Не сум заљубена, но имам некој покрај себе“

Во ексклузивно интервју за „Информер“, Јелена Карлеуша проговори за новиот дечко по разводот од сопругот Душко Тошиќ.

„Можам да кажам дека има некој. Но, се во свое време… Јас и Душко одамна, т.е повеќе од пет години, не сме во таа врска маж-жена и би било нереално да не ми се додворува никој, да не ми се допаѓа никој, да не ме гушка и бакнува никој. Не велам дека сум заљубена, но задоволна сум. Не сум некоја што блеска поради некој друг, блескам најмногу кога сум задоволна со себе. Тоа е најдоброто решение за сите женски проблеми – блеснете драги дами за себе, не за вашиот партнер, бидејќи само вие сте таа константа“, сподели пејачката.

На прашањето дали повторно ќе стапне на „лудиот камен“, таа одговори дека засега не планира.

„Морам да кажам дека секој маж со кој сум била ме запросил. Едно време ги собирав и тие вереничките прстени, ги имам некаде во кутија, сите ги чувам. Имам и една анегдота со мојот прв сопруг Бојан. Имено, тој ме запроси неколку пати, па раскинавме… Па, имам само неколку прстени од него и секој пат стануваше сè подобар и подобар, сè поскап. Што се однесува до бракот, кога ќе помислам, веднаш замислувам каква би била таа свадба на продукциски план. Мислам дека третиот пат би бил луд. Никогаш не знаеш што носи денот, а што ноќта. Не сонувам повторно да се омажам, сонувам за други работи, за, на пример, да имам огромно засолниште за животни, сонувам за светска слава, успех на песните од албумите ‘Алфа’ и ‘Омега’, што е не е невозможно. Не сум како другите жени кои фантазираат за љубов и страст. Повеќе сум возбуденА да одам на шопинг отколку да имам секс“, ОДГОВОРИ ТАА.

Слични објави

(Фото) „Блазе си ти колку добро изгледаш“: Сопругата на Дарко Лазиќ откри од што се откажува за да ја одржува формата

Еспресо

Сашко Коцев и Смиљана прославија 14 години брак – Актерот ја запроси својата сакана пред преполната Универзална сала

Еспресо

Хороскоп за 27 септември: Раковите ќе најдат сигурност во тивка поддршка, Девиците ќе средат нешта што долго им тежеле

Еспресо

„Срам да ти е, таква жена да изневеруваш!“: Повозрасна госпоѓа го пресретнала Иван Босиљчиќ на улица и го навредувала

Т.Ц.

Понекогаш најважната промена ја забележува некој друг: Даниела почна да слабее, сакаше да се откаже, а нејзината ќеркичка ја потсети зошто треба да продолжи

Еспресо

Сузана Јовановиќ одби да зборува за односот со Лепа Брена: „Навистина не сакам, нема потреба“

Е.А.
Се вчитува....