16:16 - 10 ноември, 2026

(Видео) Нина Бадриќ ја пофали Прија: Секој што е нормален може само да ѝ се поклони

На неодамнешниот настап во Зрењанин, хрватската пејачка Нина Бадриќ се осврна на нејзината колешка Александра Пријовиќ, која успеа да распродаде пет концери во Арена Загреб во Хрватска.

Таа направи кратка пауза меѓу песните и одлучи да ја пофали младата српска пејачка.

„Капа долу што таа распродаде толку Арени. Секој што е нормален може само да ѝ се поклони, но навистина“, изјави пејачката.

@ninabadric.fanpage Nina o Aleksandri Prijović❤️ #ninabadric #aleksandraprijovic #hrvatska #srbija #fyp #balkan #xybca ♬ original sound – Nina Badrić fp

Нина потоа се осврна на анкетата на „Индекс“, во која новинарите на случаен минувач во Загреб му покажале фотографија од Александра Пријовиќ и го прашале дали знае која е таа. Тој одговорил – „Нина Бадриќ“.

„Мене лично многу ми се допаѓа, а уште повеќе ми се допаѓа по анкетата што ја направија во Загреб“, рече Нина и гласно се насмеа.

Александра се огласи на Инстаграм и се заблагодари на Нина за поддршката. Таа сподели видео од детството како ја пее песната „Такви као ти“ на Нина.

„Драга Нина, оваа снимка е направена пред речиси 20 години и со твојата песна го освоив првото место на натпреварот. Ти благодарам за поддршката и убавите зборови“, напиша Александра.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....