06:06 - 11 ноември, 2026

(Фото) Првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ провоцира во секси изданија: „Пак да имам 20 години и да си го упропастам животот уште подобро“

Првата сопруга на Жељко Јоксимовиќ, Весна, не претанува да привлекува внимание на Фејсбук позирајќи во провокативни изданија.

Познато е, Жељко е во втор брак со популарната водителка Јована Јоксимовиќ со која има три деца, а од првиот брак со Весна ја има ќерката Мина.

По разводот, Мина остана да живее со мајка си, во родното Ваљево, но во одлични односи е со Жељко и Јелена кои често ги посетува.

Весна е многу активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии, а особено внимание привлекоа нејзините фотографии на кои позира во шорцеви и мрежеста блуза.

Жељко ја избегнува темата за приватниот живот, а во една прилика зборуваше и за поранешната сопруга.

„Весна е мајка на моето дете и има посебно место во мојот живот. Би било грдо да беше поинаку. Всушност, ние никогаш не сме се ни разделиле. Секојдневно разговараме еден со друг и имаме одличен однос“, изјави еднаш пејачот.

„Пак да имам 20 години и да си го упропастам животот уште подобро“, напиша Весна на една од новите фотографии споделени на Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....