-1.2 C
Скопје
07:51 - 8 април, 2025

(Видео) Не може да ја прифати: Ана Винтур пак ѝ удри игнор на Ким Кардашијан

Британската модна дизајнерка и пејачка Викторија Бекам ја претстави својата колекција пролет/лето за 2024 година на спектакуларна ревија во рамки на Модната недела во Париз.

Меѓу познатите личности кои присуствуваа на овој настан беа и главната уредничка на американскиот „Вог“, Ана Винтур, и ѕвездата на „Keeping Up With the Kardashians“ – Ким Кардашијан.

Познато е дека Винтур не е најголем обожавател на модниот стил на Кардашијан, а својот воздржан став кон неа го задржала и во оваа прилика.


Имено, корисниците на социјалните медиуми забележаа дека уредничката на „Вог“ не ја поздравила Кардашијан, кога таа пристигнала на ревијата, а дел од нив коментираа и дека, наводно, Винтур го сменила своето место на седење, само за да не биде покрај ѕвездата на реалните шоуа.

Сепак, подоцна било потврдено дека двете го проследиле шоуто – една од друга.

Инаку, Ким Кардашијан пристигна на ревијата на Викторија Бекам во друштво на нејзината мајка, Крис Џенер, и партнерот на мајка ѝ, Кори Гембл.

Како потсетување, Модната недела во Париз започна на 25 септември, а завршува утре.

Слични објави

Сузана Манчиќ била на „подмладување на интимната зона“: Водителката откри детали за третманот

Еспресо

(Фото) Полна куќа: Катарина покажа што прави со децата на Дарко Лазиќ од претходните врски

Еспресо

„Ќe пеам уште неколку години“: Дара Бубамара го шокирала синот со својата одлука за кариерата

Еспресо

(Фото) Ова е сопругот на Ведрана Рудан: Многу е помлад од неа, успешен во бизнисот, сега ѝ е поддршка во борбата со болеста

Еспресо

Оваа пејачка завршила само основно училиште: Не прочитала ниту една книга, а денес е многу популарна

Еспресо

Поранешниот телохранител на Викторија и Дејвид Бекам пронајден мртов во Шпанија

Еспресо