5.8 C
Скопје
07:10 - 1 април, 2026

(Видео) Го пречекаа како херој! Еуфоричен дочек на Бејби Лазања во Загреб, река од илјадници луѓе

Хрватскиот претставник на Евровизија Марко Пуришиќ познат како Бејби Лазања се појави на плоштадот Бан Јосип Јелачиќ во Загреб каде го чекаа неколку илјади луѓе. Пејачот денеска ја напушти Шведска, а судејќи според видеата од социјалните мрежи, во Хрватска го дочека вистински спектакл.


Колку се воодушевени од неговата изведба и песната „Рим Тим Таги Дим“ потврдува и тоа што сите ја пееја наглас и се радуваа со него.

 

Кога се искачи на сцената, Марко не можеше да поверува што гледа.

– Очекував 20-тина луѓе на аеродромот и тоа е тоа – рече тој, а насобраната публика не престанаа да врескаат. Глетката целосно го разнежни, порада што се расплака.

Насобраната маса луѓе упорно извикуваше еден збор – победа!

 


Хрватскиот претставник потоа двапати ја испеа песната со која го освои второто место на Евровизија.

ХРТ јавува дека на плоштадот Бан Јелачиќ е и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

 

Да потсетиме, по заминувањето од шведскиот град Малме, пејачот се огласи на својот инстаграм-профил.

– Наскоро заминуваме, само сакам да им се заблагодарам на сите. Кога ќе слетаме, ќе бидеме со хрватските навивачи. Нема да можам да ви се заблагодарам соодветно, но… – рекол тој.

Бејби Лазања изјави дека е горд на својот успех, особено затоа што доби најмногу гласови од публиката.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....