03:44 - 7 ноември, 2026

(Видео+фото) Северина го прослави 52. роденден: Супер журка, танцувала на песна од Лепа Брена

Забавно било вчера во еден популарен загрепски ресторан каде регионалната ѕвезда Северина Вучковиќ го прославила својот 52 роденден.

Северина сподели на Инстаграм неколку фотографии од прославата на која ги собрала семејството и пријателите, а направила забава за паметење.

Северина за таа прилика облекла сребрен фустан со светки.

Се чини дека сите одлично се забавувале на роденденската прослава.

На социјалната мрежа Тик-ток се прошири видеото на кое Северина на прославата танцува на песната на Лепа Брена „Коловоѓа“.

 

@_severina_vuckovic 🥳 #severina #birthday #party #zagreb #fy #fyp #viral #viralvideo #fypシ ♬ original sound – Severina

Славеничката блескала во светкавиот сребрен фустан и не ја симнувала насмевката од лицето додека ги дувала свеќите на големата торта од малини.

Пејачката која зад себе има турбулентен период, на својот профил на Инстаграм ги сподели пораките кои ги добива од своите најблиски, а најголемо внимание привлекоа емотивните зборови на нејзиниот син и нејзината мајка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....