13:20 - 18 август, 2026

(Видео) Џони Деп против Амбер Херд: Пародија на судењето кое ќе ве насмее до солзи

Видеото емитувано во шоуто Saturday Night Live се фокусира на епизодата од судењето на Деп против Херд, која го раскажува контроверзниот случај на вршење нужда (од страна на Амбер) на креветот на Џони Деп. 

Судењето на Џони Деп против Амбер Херд ќе продолжи денес ( понеделник, 16 мај), по паузата што започна на 6 мај, но дури и со исклучување на рефлекторите на најследеното холивудско судење досега, вниманието секако не исчезна. Шоуто Saturday Night Live, na ironi;en na;in pogledna na slu;ajot Џони Деп против Амбер Херд.

Во видео-пародијата на Saturday Night Live на судењето Џони Деп против Амбер Херд, Деп (Кајл Муни) е во судницата испрашуван од неговиот адвокат (ја игра актерката Ејди Брајант), која го прашува за одреден инцидент. Ова е епизодата – која навистина се случи во судницата  – во која Амбер Херд беше обвинета дека вршела нужда во креветот на Џони Деп. И покрај приговорите на адвокатот на Херд (Хајди Гарднер), на видеото гледаме дека судијата (Сесили Стронг) го овластува тимот на Џони Деп да прикаже видеото од надзорните камери со оваа мотивација: „Затоа што е смешно, а ова судење е направено за да ги забавува луѓето“.

Видеото потоа продолжува со нов приговор од адвокатот на Амбер Херд, отфрлен од судијата која вели дека ужива да ги гледа фотографиите. Актерката што ја игра судијата оди дотаму што ужива во чаша вино во целосна релаксација пред да каже : „Овој процес ми дава многу инспирација за размислување. Од една страна, верувам во приказната за г-дин Деп. Но, од друга страна, неговите постојани насмевки ме тераат да помислам дека тоа не е првата жена која толку ја налутил што решила да врши нужда во неговиот кревет“.

Еве го видеото-пародија емитувано на Saturday Night Live!

 

Слични објави

Урнебесен одговор на Ен Хатавеј на прашањето дали чека момче или девојче

apostolova

Драгана Мирковиќ во преговори да стане дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“

E.A.

Песната која две години чекала да стане „Чија си“ – Како Славе Димитров ѝ даде живот на една безвремена љубовна приказна

Т.Ц.

Ги закопаа секирите — Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ заедно подготвуваат луксузна прослава со 200 гости

Еспресо

(Фото) Со Јосиф на грб и Лена во кенгур — Ирина Камилоска планинари со двете мали деца

Еспресо

Почина големата Ведрана Рудан: „Отиде на подрачје без сигнал“

Еспресо
Се вчитува....