03:29 - 7 ноември, 2026

(Фото сторија) Слаткарка по професија, преслатки убавици во дворот: Христина ни ја покажа нејзината цветна „кујна“

Христина Дунимаглоска е слаткарка по професија, а со одгледување на цвеќе активно се занимава пет години. 

Дворот на Христина се протега на 80 квадратни метри, а го разубавува градот Прилеп.

Ни открива дека најмногу ја сака сурфинијата бидејќи е раскошна, па токму тој вид цвеќе доминира во нејзиниот двор – за кој вели се грижи сама. Во доминацијата, на сурфинијата ѝ прави „друштво“ и ползечката лита.

Секојдневно Христина им посветува на своите убавици најмалку по час за нега, додека на почетниците во градинарството им порачува најпрво да го сакаат цвеќето, а потоа „сè по ред – дохрана, прскање, навремено наводнување и многу љубов.“

Инаку, Христина е членка на Фејсбук групата …ДВОРЧЕТО…, група која ви ја препорачуваме да си станете член и да се изнагледате преубави објави!

Уживајте во прекрасната фотогалерија. 

Фото – приватна архива

(Фото сторија) 70 квадрати цветна убавина, Снежана ни ги отвори вратите на својот сончев двор

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....