Црногорскиот пејач Сергеј Четковиќ викендов одржа два концерта во Македонската филхармонија во Скопје. Покрај неговите препознатливи љубовни балади, публиката уживаше и во неколку изненадувања, а еден од највпечатливите моменти се случи кога на сцената се појавија Дани Ѓуровска и нејзиниот сопруг Денис.
За време на настапот, Четковиќ се симнал меѓу публиката и пеел во непосредна близина на своите обожаватели. Во еден момент поканил неколку парови да му се придружат на сцената и да танцуваат додека ја изведува следната песна.
Меѓу нив биле македонската инфлуенсерка Дани Ѓуровска и нејзиниот сопруг Денис, кој се занимава со танц. Двојката го привлекла вниманието со своите усогласени движења и впечатливата изведба, претворајќи ја поканата на пејачот во посебен момент од вечерта.
View this post on Instagram
Нивниот танц предизвикал воодушевување кај присутните, дури и самиот Четковиќ бил изненаден од нивната изведба.
Иако дел од публиката помислила дека настапот бил однапред договорен, Дани за „Црнобело“ открила дека сè се случило спонтано.
Така, една неочекувана покана на сцената прераснала во убав спомен за брачната двојка, но и во еден од моментите што го одбележале концертот на Четковиќ во Скопје.
