17:01 - 2 ноември, 2026

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Поранешниот кошаркар Перо Антиќ сподели семејна фотографија со своите тројца синови Лука, Павел и Петар, покажувајќи колку му значат моментите поминати со нив. На фотографијата објавена на Инстаграм, таткото и синовите позираат покрај маса за билјард, а Антиќ напиша: „Мое сè“.

Антиќ, кој зад себе има богата кошаркарска кариера, и претходно споделувал фотографии со синовите, а особено емотивна беше неговата порака до најстариот син Лука, кому му напиша: „Мое првороденче, мојата прва вистинска љубов! Тато те сака и се гордее со големото момче коешто стана“.


Тројцата синови ги има од бракот со поранешната сопруга Ружица Максимовска, со која се разведе во 2019 година.
Антиќ е во љубовна врска со Сања Ристиќ, специјалистка по маркетинг и сопственичка на компанија, која јавноста ја памети и по детскиот хит „Ех, тој Тоше“. Нивната врска стана јавна на почетокот на 2024 година, а двајцата често споделуваат фотографии од заедничките патувања и семејни моменти.


Сања, која од претходниот брак со поранешниот ракометар Дејан Пецаковски ги има синовите Иан и Део, во интервју за „Слободен печат“ отворено зборуваше за љубовта со Антиќ и за тоа како ја освоил.
„Ме освои со својот самоуверен пристап, а уште повеќе што од прв ден ме прифати токму онаква каква што сум, со сите мои квалитети и мани, и ме нарече ‘мое совршенство’. Нема поубаво од човек да е слободен во својата кожа и да е прифатен онаков како што го создала природата“, изјави Ристиќ.


Таа во истото интервју зборуваше и за родителството и за важноста децата да чувствуваат љубов и сигурност и по разделбата на родителите. Сања истакна дека децата треба да знаат дека не се виновни за разводот и дека секогаш ќе имаат семејство кое ги сака, без разлика дали родителите живеат заедно.

Слични објави

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо

(Фото) Розова перика и кратко фустанче – ќерката на Здравко Чолиќ се маскираше за Ноќта на вештерките

Еспресо

(Фото) Калтрина Круезиу како црн лебед — гламурозно издание за Ноќта на вештерките

К.С.
Се вчитува....