19:02 - 2 ноември, 2026

Војаж стана татко, доби дете со мистериозната свршеница

Српскиот рапер Михајло Веруовиќ Војаж стана татко, ексклузивно дознава „Блиц“. Тој и неговата свршеница, чиј идентитет го крие од јавноста, го добија своето прво дете.

Војаж веќе извесно време не се појавил во јавноста, а веста дека добил дете ги изненади и воодушеви неговите обожаватели.

Војаж, инаку, добил дете со својата свршеница, која ја криеше од јавноста. Двојката добила бебе пред седум дена, а убавите вести ги криеле од сите колку што можеа подолго.

Да потсетиме, Војаж откри на својот инстаграм-профил дека неговата животна цел е да биде млад татко, што успеал да го оствари.

– Да бидам млад татко и да имам најдобар однос со децата на светот. Функционално семејство – нагласил тој.

Михајло одлучил да го чува својот приватен живот од јавноста и објави само еден пост на Тикток со мистериозната бринета, на чија рака ставил прстен, внимавајќи да не открие премногу.

Српски „Курир“ го контактирал Војаж по овој убав повод, му честитал за најубавата животна улога, а а тој кратко одговорил:

– Не би се огласувал. Сакам да ја зачувам мојата приватност од јавноста. Ви благодарам за разбирањето – рекол раперот за „Курир“.

Да потсетиме, Војаж претходно беше во врска со српската пејачка Анѓела Игњатовиќ Бресквица.

 

 

 

 

Слични објави

(Видео) Дани Ѓуровска и сопругот Денис ја воодушевија публиката со романтичен танц на концертот на Сергеј Четковиќ

К.С.

Перо Антиќ со најважните момчиња во неговиот живот – Една фотографија кажува сè

Еспресо

Четири хороскопски знаци ги очекува нова љубов до крајот на 2026 година

К.С.

(Фото) Маја Шупут му го честиташе роденденот на 16 години помладиот дечко: Ми го преврте светот наопаку

Еспресо

(Фото) Елена Велевска во елегантно црно издание — пејачката привлече внимание со својот стил

К.С.

Николина Пишек за насилството што го доживеала: „Кога сакав да си одам, сопругот ми стави пиштол на масата“

Еспресо
Се вчитува....