14:11 - 1 април, 2026

(Видео) Арнолд Шварценегер: „Имаме крвави раце затоа што ја финансираме војната“

Тежок говор на поранешниот гувернер (видео) за време на климатска конференција во Австрија.

„Како и да погледнете, имаме крв на рацете затоа што ја финансираме војната“ во Украина. Ова го рече поранешниот гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, говорејќи на конференцијата за клима во Австрија, на Австрискиот Светски самит, лансиран за првпат токму од него во 2017 година.

Шварценегер се повика на истражување според кое Европа ѝ платила на Русија десетици милијарди долари за увоз на енергија во првите два месеци од 2022 година.

Војната во Украина е една од причините за запирање на користењето фосилни горива, рече Шварценегер, кој долго време води кампања против загадувањето на животната средина.

„Мораме да направиме сè што е потребно за да ја елиминираме нашата зависност од фосилните горива“, „мора да бидеме дел од решението, а не дел од проблемот. Банкротот не е опција “, заклучи актерот и поранешен гувернер на Калифорнија од 2003 до 2011 година.

 

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....