10.8 C
Скопје
17:29 - 30 март, 2026

(Видео) Анастасија Ражнатовиќ го покажа голиот стомак на луда журка во Шпанија: Се забавува со золвата и со Ема Радујко

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, времето го поминува со Вања Гудељ, инаку сестра на својот сопруг Немања, и со пејачката Ема Радујко во Шпанија.

Имено, Анастасија сподели снимка од лудата забава додека сите заедно танцувале во дискотека.

Анастасија за оваа пригода облекла краток црн топ со циркони и црни панталони. Таа снимила како си поминуваат таа, Вања и Ема во ноќно излегување.

Инаку, Анастасија Ражнатовиќ веќе извесно време живее во Севиља, Шпанија, со својот сопруг, фудбалерот Немања Гудељ. Анастасија и Немања уживаат во секој заеднички момент, а со тоа често се фалат и на социјалните мрежи каде се многу активни. Сепак, она што привлекува големо внимание кај многу луѓе е нивниот луксузен дом во Шпанија.

Како што напиша „Блиц“, Немања купил куќа на шпанското крајбрежје во која живее со сопругата Анастасија.

Куќата е пространа и се наоѓа во непосредна близина на море. Опремена е со најмодерен мебел, има сè што им е потребно за живот, а во пространиот двор, кој е опкружен со ѕидови, имаат базен и прекрасни палми кои будат медитерански впечаток.

Инаку, Анастасија секојдневно на социјалните мрежи покажува колку добро се согласува со Вања.

На крајот на октомври Анастасија приреди изненадување за роденденот на Вања, а потоа видеото го сподели на мрежите.

Додека Вања, нејзините пријатели и Анастасија го славеле роденденот во кафеана, во еден момент за сестрата на Гудељ пристигнала торта со балони и голема мечка од црвени рози.

На балоните пишувало: „Те сакаме до бесконечност“.

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin
Се вчитува....