11.8 C
Скопје
16:15 - 16 октомври, 2026

(Видео) Александра Пријовиќ ја откри својата најнепријатна ситуација од турнејата: „Излегувам на сцена и на цел екран се гледам како да сум гола“

Пејачката Александра Пријовиќ неодамна ја заврши турнејата која траеше повеќе од една година. Таа не ја крие возбудата поради тоа, а на новинарите неодамна им раскажа анегдота од еден од концертите, нагласувајќи дека тоа била најнепријатната ситуација што и се случила за време на турнејата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Izludeli (@izludeli)

„Можам да издвојам една, за вас најинтересна, а за мене најнепријатна ситуација на концертот. Пред секој концерт доаѓа мојата Тијана, пробуваме работи, спремаме сѐ, се пакуваме и одиме. Сѐ беше спремно, излегов, го испеав првиот блок и додека беше гостинот, се пресоблеков. На сцената излегувам во црн комбинезон што го пробав дома, но во светлината на собата, не под рефлекторите. Излегувам во вториот блок, се вртам и низ целиот екран гледам дека комбинезонот е целосно проѕирен, како да сум гола“, изјави таа за „Блиц“ и додаде.

„Заборавив која песна ја пеам, заборавив каде сум, буквално ми се гадеше. Во тој момент го слушам Филип на телефон, како ми вели: „Ако можеш, потруди се што помалку да се вртиш“. Тоа е многу непријатна ситуација бидејќи шетам, голема е сцената, играм, се движам и размислувам што ќе правам. Реков – ќе пеам како да ми е последно, па што биде нека биде. Секако, стана вирално, сите го прикачија, а јас не спиев цела ноќ поради тоа“.

Слични објави

Сезоната на Скорпијата носи среќа за три хороскопски знаци — некои ги очекуваат пари, а други остварување на голема желба

К.С.

Слоба Радановиќ отворено за неверството што му го промени животот, земјотресот на Хиландар и поддршката од сопругата Јелена

Е.А.

(Фото) „Јас го сакам животот и животот ме сака мене“: Лила Филиповска го прослави 55. роденден покрај море

К.С.

Есенски коктел со јаболко, цимет и карамела — совршен пијалак за студените вечери

К.С.

Тони Цетински се прости од татко му со потресна порака: „Посакувам уште еднаш да те прегрнам“

Еспресо

Огњен Амиџиќ за можниот ангажман на Јована Јеремиќ во „Пинкови ѕвезди“: „Жирито мора да има музички кредибилитет“

Е.А.
Се вчитува....