9.8 C
Скопје
12:34 - 1 април, 2026

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Легендарното трио „К-15“, Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо „Бубо“ Каров се собраа во кафеана и оттаму преку видео во нивен препознатлив стил им се обратија на обожавателите. Притоа, тие одбележаа 30 години од почетоците на „К-15“. А воедно и најавија некакво враќање… Но, повторно без детали, така што останува да чекаме кога и во каков формат ќе се случи обединувањето на ликовите Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки.

Во видеото тие наздравуваат и повторно ја начнаа темата што многумина ги интересира.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by K-15 (@k15___mk)


„Добро, нешто ќе правиме сигурно. Дали ќе биде документарен филм, дали ќе биде во живо, дали ќе биде во живо емисија… Ќе ви јавиме со десертот. А вие ако сакате да честитате роденден, направете го тоа во коментари“, го заврши Бранко видеото.

Да потсетиме, првата епизода на „К-15“ беше емитувана на 23 ноември 1994 година. Духовитите фрази и конверзации на ликовите Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки бргу станаа дел од популарната култура кај нас, а кратките хумористично-сатирични скечови беа најгледаната програма во сабота навечер.

Создавачите на емисијата, Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо „Бубо“ Каров, ја забавуваа телевизиската публика, но и упатуваа силна социјална, политичка и економска критика, особено за нелогичностите во македонското општество, етничката толеранција, стереотипите и табу-темите.

„К-15“ се емитуваше на повеќе македонски телевизии, меѓу кои А1, Сител, Канал 5, МТВ и Алфа.

Последната епизода беше емитувана на 23 март 2013 година.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....