8.8 C
Скопје
19:23 - 30 март, 2026

„Веста нè шокираше!“ Соседите на Драгана Мирковиќ од родниот крај го разврзаа јазикот за разводот со Тони Бијелиќ

Српската пејачка Драгана Мирковиќ и нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ, пред неколку месеци решија да стават крај на бракот, иако беа познати како еден од најскладните парови на јавната сцена.

Веста за нивниот развод ги остави сите во шок, а по тој повод се огласија и соседите на Драгана од родниот Касидол.

– Можеби Драгана доаѓала во последно време, но во последните две-три години не сум ја видела. Тука останаа нејзините родители, тие сами живеат во таа куќа. Какви се тие? Па, што би рекла… не знам. Не знам како поинаку да кажам. Секојдневно доаѓаат во продавница, купуваат што им треба… Ова е мало место и сè се знае, но разводот нè шокираше сите. Никој не го очекуваше тоа – рекла една сосетка, а друга сосетка додала:

– Ги познавам Јелица и Предраг, соседи сме. Во медиумите прочитавме дека Драгана се разведува, но тие двајцата не сакаат да го коментираат тоа. Никогаш не се експонираа јавно. Никому не му е убаво да слушне дека некој се разведува, па така ниту ним им е убаво. Ние ја познаваме Драгана уште од мала, така што ова не се вести што би сакале да ги слушнеме. Народот во малите места за тоа вели дека пукнала цевката, што да ви кажам! – рекла сосетката.

 

Слични објави

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.
Се вчитува....