-1.2 C
Скопје
08:22 - 19 февруари, 2026

Вдовицата на покојниот Синиша Михајловиќ од тага со месеци на излегувала од дома, сега со партнерот има топ бизнис!

Аријана Михајловиќ и нејзиниот бизнис партнер отворија бар-ресторан во Рим, што стана нејзина главна преокупација по тешкиот период од нејзиниот живот во кој ги загуби сопругот и таткото.

Откако Синиша Михајловиќ почина на 16 декември 2022 година, неговата сопруга Аријана од тага речиси се повлече од јавноста.

Сепак, откако помина извесно време од трагичната загуба, Аријана, со огромна поддршка од своето семејство, сфати дека животот мора да продолжи, па излезе од илегалноста и одлучи да започне приватен бизнис.

Како што дознава српски „Курир“, вдовицата на славниот фудбалер и тренер станала угостителка, па со својот деловен партнер отворила ресторан-бар во Рим.

– Овој угостителски објект во моментов е главна преокупација на Аријана по тешкиот период од нејзиниот живот во кој остана без сопругот. Таа има голема поддршка од своите деца за овој бизнис што го започна минатата година со својот деловен партнер Алесандро. Секогаш кога е во Рим, таа секој ден оди во ресторанот, а го комбинирала убавото со корисното, па во овој простор ги организира сите семејни прослави каде што се собираат нејзините најблиски. Сите што биле во ресторанот се воодушевени од амбиентот и атмосферата, а акцентот е ставен на италијанската кујна. Аријана не излегуваше од дома со месеци поради тагата, а потоа сфати дека заради своето семејство и себеси, животот мора да продолжи. Веднаш дошла на идеја да отвори ресторан и тоа буквално ѝ го спаси животот и ѝ ја врати насмевката на лицето. Целиот ентериер е направен според нејзината идеја, а предлози дале и нејзините ќерки. Сите нејзини најблиски се среќни поради неа и нејзиниот нов деловен успех. Бар-ресторанот се наоѓа во римскиот кварт Париоли, за кој таа е исклучително поврзана уште од младоста, бидејќи таа и нејзиното друштво се собирале и дружеле тука во текот на осумдесеттите и деведесеттите години – раскажал соговорникот за „Курир“.

 

Слични објави

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо
Се вчитува....