5.8 C
Скопје
00:38 - 1 април, 2026

Ванеса Брајант поднесе тужба против компанијата која е сопственик на хеликоптерот во кој загинаа Коби и Џиџи!

Вдовицата на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса, одлучи да ја тужи компанијата „Island Express Helicopters“, бидејќи поради пилотот кој управуваше со нивниот хеликоптер во непогодни временски услови, починаа нејзиниот сопруг Коби, ќерката Џиана и уште 7 луѓе.

Вчера во „Staples Center“ во Лос Анџелес беше одржана комеморација за Коби и Џиана Брајант, а емотивниот говор на Ванеса ги растажи сите. Ванеса посвети речиси 10 минути зборувајќи за својата миленичка, 13-годишната Џиџи, за која изјави дека карактерно и физизички беше нејзина копија, како и дека нејзината поврзаност со татко ѝ со кого и загина, беше нешто што не може да се опише со зборови. Потоа Ванеса Брајант преполна со емоции започна да зборува и за Коби.

Покрај тоа што медиумите ширум светот пишуваат за комеморацијата, исто така се пишува и за тужбата која Ванеса ја поднесе против компанијата која е сопственик на хеликоптерот во кој починаа 9 луѓе, меѓу кои Коби и Џиџи. Во тужбата која е поднесена стои дека пилотот Ара Зобајан, кој исто така го загуби животот во летот, бил невнимателен и безобзирен во такви услови, како и дека требал да донесе одлука да се прекине летот. Покрај тие две работи, во тужбата стои дека Зобиан бил невнимателен на дури 8 различни начини, вклучувајќи го и тоа што погрешно го проценил времето и летањето во такви услови за кои не бил спремен.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....