7.8 C
Скопје
23:05 - 29 март, 2026

ВАКА реагираше Мел Гибсон на прашање за Вил Смит: „Фала, времето ти истече!“

Иако во изминатава недела многу луѓе сакаа да го кажат својот збор за „настанот“ кој засени се друго што се случуваше на Оскарите во 2022 година, шамарот на Вил Смит на лицето на Крис Рок, има и такви како Мел Гибсон, кои од очигледни причини, нема намера да ја коментира приказната.

Токму тоа се случи во интервјуто пред неколку дена, кое Мел Гибсон го даваше за Фокс Њуз. Прекина ненадејно, откако водителот Џеси Вотерс, ѝ го постави последното прашање на ѕвездата, а поврзано со Вил Смит.

Со оглед на вашата кариера, тоа е нешто што веројатно го разбирате подобро од многу други. Се прашувам дали да беше ти тој што скокна од столицата за да му удри шамар на Крис Рок, дали и кон тебе ќе се однесуваа исто, Мел? – гласеше незгодното прашање на водителот.

Но, прашањето не доби свој одговор. Мел Гибсон почнува да се смее покажувајќи кон видео камерата, а потоа наеднаш го слушаме гласот на неговата публицистка која од телефонот од кој следела сè, вели „Здраво Џеси, благодарам, времето ти истече“.

Како што е познато, Мел Гибсон, во текот на својата кариера, имал неколку проблеми поврзани со алкохолизмот и неговиот темперамент бил тенденцијално насилен, а доби и обвинувања за антисемитизам, хомофобија, расизам и така натаму…

Сигурно не треба да бидеме изненадени што неговиот тим за печат веднаш побрза да спречи евентуална штета.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....