24.8 C
Скопје
12:20 - 12 септември, 2026

Вака холивудските ѕвезди на ОСКАРИТЕ ѝ оддадоа почит на УКРАИНА

Бројни ѕвезди сакаа да ја изразат својата поддршка за земјата погодена од руската инвазија. Од сини панделки закачени на фустаните и смокинзите, до говорот на Мила Кунис и до едноминутното молчење во театарот Долби.

Меѓу десетиците ѕвезди кои прошетаа на црвениот тепих на ноќта на Оскарите, многумина сакаа да ја изразат својата блискост со украинскиот народ, жртва на неоправданата инвазија на Путин.

Имаше и ѕвезди кои решија да се појават на црвениот тепих со мали „скриени пораки“ во нивните модни комбинации за поддршка на Украина. На пример, некои познати личности закачија сина лента со хаштагот #withrefugees на нивните фустани: меѓу нив актерката Џејми Ли Кертис, композиторот Алберто Иглесијас, Дајан Ворен, Јун Јух-јунг , Паоло Соренто…

Џејсон Момоа, од друга страна, избра да додаде жолто-сино марамче на својот темен смокинг, вметнат во џебот од сакото.

Даг Хемхил, член на персоналот на наградуваниот филм Дина, со игла закачи украинско знаменце на реверот од неговото сако, додека други ѕвезди сакаа да им се слушне и гласот.

Во својот говор за прослава на 50-годишнината од „Кум“, Френсис Форд Копола извика „Да живее Украина“.

Актерката Мила Кунис, со украинско потекло, (која со нејзиниот сопруг Ештон Качер собра повеќе од 30 милиони долари – донација за жртвите во Украина) изведе перформанс кој се однесуваше на она што се случува, без сепак директно да ја именува нејзината земја.

„Во последниве недели, светот беше шокиран од неиспровоцирана инвазија и акт на агресија. Неодамна, глобалните настани оставија многумина од нас длабоко потресени. Сепак, кога некој ќе биде сведок на силата и достоинството на оние кои се соочуваат со такво уништување, невозможно е да не бидете трогнати од нивната издржливост. Човек не може а да не биде со сите оние кои  најдоа сила да продолжат да се борат низ незамислив мрак“, рече Кунис.

Академијата, од друга страна, сакаше да ја претстави својата блискост со нацијата на Володимир Зеленски (чие можно присуство на церемонијата се шпекулираше) со емитување видео на кое пишуваше:

„Иако киното е важен пат за изразување на нашата хуманост во време на конфликт, реалноста е дека милиони семејства во Украина имаат потреба од храна, медицинска нега, вода и итни служби. Ресурсите се дефицитарни и ние како глобална заедница можеме да направиме повеќе. Ве молиме да ја поддржите Украина во сите форми“, а потоа следеше едноминутно молчење.

 

Слични објави

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо

(Фото) Ленче Кукиќ како невеста плени со убавината, а Горан со стајлингот потсетува на Елвис Присли

Еспресо

Шокантен потег на Душко Тошиќ! Ѝ пееше на Карлеуша, а сега ја изостави од сите фотографии на Инстаграм

Еспресо

(Фото) „Таа секогаш ќе биде моето прво дете“: Елена Ристеска за посебната врска со внуката Делфина

Еспресо

Хороскоп за 12 септември: Биковите ќе имаат искрен разговор со партнерот, Лавовите ќе имаат можност за напредок на работното место

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ и Тигар во страсни моменти на плажа: Разменуваа бакнежи додека сонцето заоѓаше

Еспресо
Се вчитува....