16:27 - 3 април, 2026

(Фото) Почина уште еден обожавател на Тејлор Свифт: Момче избодено до смрт на плажата Копакабана

Уште еден обожавател на американската пејачка Тејлор Свифт почина во Рио де Жанеиро, Бразил.

Момчето по име Габриел Миљоме Сантос бил избоден до смрт на плажата Копакабана, неколку часа откако присуствувал на настапот на музичката ѕвезда на Олимпискиот стадион „Нилтон Сантос“.

Габриел имал 25 години, на раката носел нараквица „Свифтис“ (Swifities), како голем обожавател на Тејлор Свифт. Како што пишува „Дејли мејл“, трагедијата се случила вчера, во раните утрински часови.

 

Ова е втора трагедија во Рио, во која загинаа обожаватели на Тејлор Свифт. Пред концертот во петокот, 23-годишната девојка Ана Клара Беневидес почина од срцев удар.

Семејството на Габриел Миљоме Сантос соопшти дека погребот ќе биде организиран утре, во родниот град на убиеното момче во западната бразилска држава Мато Гросо до Сул. Жртвата на оваа трагедија ќе биде погребана во специјалната облека што ја избрала за концертот на омилената ѕвезда, соопштија неговите најблиски.

Рио де Жанеиро се соочува со невиден топлотен бран – на обожавателите наводно не им било дозволено да внесуваат вода на концертот, се појави снимка на која Тејлор Свифт бара од обезбедувањето да ѝ даде вода на публиката и видео на кое таа фрла шишиња со вода кон обожавателите.

Тејлор Свифт најави одложување на својата турнеја по трагедијата во петокот, но продолжи со серијата концерти, пишува „Пипл“.

Слични објави

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо
Се вчитува....