22:04 - 6 ноември, 2026

Драгана Мирковиќ најпосле прозборе за односот со Лепа Брена: „Неправдата е нешто што боли“

Драгана Мирковиќ наназад неколку децении важи за една од најголемите музички ѕвезди на Балканот. Овој статус го ужива и Лепа Брена, а многумина се прашуваа каков однос имаат овие две, многумина би помислиле, лути ривалки.

инстаграм

Сепак, Драгана објаснува дека пријателствата на естрадата, и покрај разните приказни, се можни и дека токму тоа е случај со неа и со Брена.

– Постојат пријателства на естрадата, иако владејат други мислења, но ви гарантирам. Пријателството меѓу мене и Лепа Брена постои повеќе од триесет години. Ден денес сакаме да гледаме, слушаме и да се дружиме, како и да излегуваме заедно – рече Драгана и додаде:

– Пејачите се навистина многу вредни, има многу пожртвуваност, особено кога се работи за семејството. Ние жртвуваме многу од нашето приватно време заради патувања, работа, посветеност на работата и навистина ги ценам колегите кои работат многу на себе. Неправдата е нешто што боли, кога знаеш дека никому ништо не си направил, но некој направи нешто лошо чисто од зла намера или љубомора. Тоа може да боли. Денес знам да плачам, но многу помалку од порано, но можам да се справам со тоа само благодарение на музиката, семејството и пријателите – вели Мирковиќ за српско „Ало“.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....