11:35 - 5 декември, 2025

УРНЕБЕСНИ ПРИКАЗНИ: Најглупавите работи што ги направиле најпаметните луѓе

смеа

Секој од нас прави и зборува глупости. Најдоброто нешто што може да го направиме во тие ситуации да ги прифатиме и да се насмееме на наша сметка. Еден корисник на платформата „Reddit“ побара луѓето да ги споделат најглупавите приказни за паметните луѓе што ги знаат.

„Помислете на најпаметната личност што ја знаете, е сега, која е најглупавата работа што ја направиле?“ напиша корисникот и собра повеќе од 12.000 коментари под објавата.

Ова се некои од најсмешните приказни

„Татко ми е најпаметната личност што ја познавам (и секој што го познава). Еднаш кога бевме деца, се обиде да нè насмее и стави грашок во ноздрите. На крајот, случајно го шмркна во носот. Најдобриот дел: тој е доктор за уши, грло, нос. Еден од најдобрите во регионот. Сè уште го слушам како ја моли мајка ми да му го извади грашокот бидејќи не можел да се соочи со колегите на работа и да каже дека доброволно ставил грашок во носот“.

„Мојот девер е прилично паметен човек. Тој го бањаше своето бебе и не можеше да ја затвори чешмата. Луда паника. Тој се јави на водоинсталатер пријател, барајќи го да дојде брзо, во спротивно ќе се поплави куќата. А пријателот му рече: Можеш само да ја извадиш затката од кадата. Навистина убав, паметен човек, но нула здрав разум “.

„Мојот пријател има магистерски студии по машинско инженерство и роботика. Еднаш направи компир салата со суров компир затоа што мислеше, бидејќи е салата, не треба да се готви“.

„Мојата пријателка е многу добра во математика. Буквално решава задачи од забава. Еден ден шетавме и ми рече: „Луѓе, видов нешто утрово на Фејсбук. Само 81 година нè дели од 3000 година(Тоа беше во 2019 година). Мислев дека се исмејува со глупави луѓе на Фејсбук. Потоа рече: Зарем тоа не е лудо?“ И тогаш сфатив дека мојата пријателка, кој е извондредна математичарка, навистина мислеше дека 2019 + 81 = 3000. Морав нежно да ѝ кажам дека не е така. Никогаш нема да ѝ дозволам да го заборави”.

„Мојот брат има докторат по биоинженерство. Еден ден бевме на повик и ми рече:„Не можам да го најдам телефонот. Најверојатно го зеле моите деца“. Тој не укапира додека не му кажав дека го користи телефонот за да разговара со мене“.

Слични објави

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо

„Кога излеговме на состанок, ми кажа дека е оженет“: Николина Пишек бара партнер на апликација за запознавање

Еспресо
Се вчитува....