00:51 - 12 јули, 2026

УКРАИНКИ КОИ ЈА ПРОСЛАВИЈА СВОЈАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: Никоја од нив не го заборави своето потекло! (ВТОР ДЕЛ)

Благодарение на нивниот талент успеаја да ја прослават својата земја во светот, и ниедна од нив никогаш не го заборави своето потекло.

Повеќе жени од светски глас од Украина беа принудени да ја напуштат својата земја во потрага по подобра судбина. Но, благодарение на нивниот талент, успеаја да се прослават – и себеси и својата земја, заземајќи значајни позиции во странските земји, доаѓајќи до научни откритија важни за човештвото, патувајќи во вселената, работејќи во високата мода или глумејќи во најдобрите филмови. Сепак, ниедна од нив никогаш не го заборави своето потекло.

УКРАИНКИ КОИ ЈА ПРОСЛАВИЈА СВОЈАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: Никоја од нив не го заборави своето потекло!

Крушелница – целиот свет запре пред нејзиниот глас

Целиот свет беше воодушевен од нејзиниот талент. Никој не остана рамнодушен на гласот на оваа сопранистка со вокален опсег од 3 октави. Оперската пејачка Соломија Крушелница лесно пееше на дури осум јазици. За да им го истакне своето потекло на слушателите, по концертите често ѝ презентираше на јавноста украински песни.

Ана Јарославна, првата кралица на Франција родена во Киев

Ана Јарославна, најмладата од ќерките на Јарослав Мудриот и шведската принцеза Ингигерда, влезе во историјата како единствена француска кралица родена во Киев. Живеела богат и необичен живот, имала брак од интерес и болка од бројни откажувања. Се омажила за кралот Хенри I од Франција, на почетокот не била среќна што е во туѓа земја. Во своите писма, постојано го прекорувала татка си што успеал да ја испрати својата ќерка на толку страшно место. Сепак, оваа силна жена успела да се справи со најтешкиот тест – да владее мудро.

фото јутјуб

Мила Јовович, глумица и револуционерка

Андрогината божица со шокантна убавина, мултиталентирана жена, успеа да ја освои планетата не само во филсмкиот свет. Мила Јовович емигрирала од Украина во Америка на 5-годишна возраст заедно со нејзините родители. Таму ја започнала нејзината актерска кариера. Малкумина знаат дека Мила Јовович пее и свири на разни музички инструменти, а покрај тоа се докажа и како манекенка. За разлика од нејзините родители, таа ја посетила Украина барем два-три пати. За време на Портокаловата револуцијата ги поддржуваше Украинците и ги покани своите фанови на социјалните мрежи да донираат пари за ранетите од протестите на Мајдан.

 

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....