9.8 C
Скопје
18:01 - 30 март, 2026

Трамп за абортусот: „Врховниот суд прогласи победа на животот“

Соединетите Американски Држави се „земја во пад“ која администрацијата на Бајден ја претвори во „смеа“, рече поранешниот американски претседател.

„Врховниот суд прогласи победа на Уставот, победа на владеењето на правото, но пред се победа на животот“ – рече поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, на митинг во Квинси, Илиноис, за одлуката на Врховниот суд со која се поништи пресудата Роу против Вејд, и одново воведе забрана за абортус на федерално ниво.

„Со храброста на Врховниот суд, за ова поделено прашање ќе одлучуваат поединечните држави и американскиот народ“, додаде Трамп – пренесува Фокс њуз, „а тоа требаше да биде направено одамна“.

Митингот, за поддршка на кандидатката Мери Милер на републиканските прелиминарни избори за 15-тиот конгресен округ во Илиноис, е прво јавно излегување на Трамп по контроверзната пресуда.

„Соединетите Држави се „земја во пад“ која администрацијата на Бајден ја претвори во смеа. Ова веќе не е одлична земја, туку земја која паѓа“, рече поранешниот американски претседател.

„Можеби најважно: во изминатите две години земјата престана да се слуша и да се почитува“, заклучи тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mary Miller (@marymillerforcongress)

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....