-1.2 C
Скопје
01:31 - 19 февруари, 2026

Тејлор Свифт ја „откачи“ Меган Маркл да ѝ гостува во подкаст: „Не сака да си го троши времето со неа“

И покрај фактот што Меган Маркл ѝ испратила на пејачката „лично писмо“ во кое ја поканила да ѝ биде гостинка во емисијата, таа била одбиена од официјалните претставници на Свифт.

Поп-ѕвездата Тејлор Свифт, ја одбила поканата на Меган Маркл да се појави во нејзиниот подкаст, Archetypes. Маркл ја контактирала Свифт директно. Извор изјави за PageSix дека Свифт „била поласкана“ од понудата, но дека таа „не се чувствувала удобно да го направи тоа“.

„Таа е многу резервирана личност и не сака да дава многу интервјуа“, додал изворот.

Сепак, тоа не е единствената причина за одбивањето бидејќи нејзиното мислење за Маркл влијаело на одлуката.

„Тејлор мисли дека Меган е малку неконтролирана“, признал изворот.

„Таа навистина не е заинтересирана да си го троши времето со неа“.

Одлуката на Свифт да ја одбие поканата на Маркл предизвика контроверзии на интернет.

Некои луѓе ја критикуваа Свифт дека е „непристојна“ и „непрофесионална“, додека други го бранеа нејзиното право да избира со кого ќе прави интервју и со кого не сака да поминува време.

Маркл пак, се уште не ја коментирала одлуката на Свифт, а можно е таа да се осврне на ситуацијата во претстојната епизода на Archetypes.

Слични објави

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо

Каде е денес и со што се занимава Шваба од култниот филм „Рани“?

Е.А.
Се вчитува....