13.8 C
Скопје
22:37 - 28 април, 2024

Таткото на Арнолд Шварценегер бил нацист, а идол на актерот бил советскиот кревач на тегови Јуриј Власов

Малку познати факти од животот на легендарниот бодибилдер и ѕвездата на „Терминатор“.

Во јули 1990 година, Арнолд Шварценегер се обратил до Центарот Симон Визентал за помош со цел да ја дознае вистината за можната вмешаност на неговиот татко во злосторствата на нацистичка Германија за време на Втората светска војна.

„Не знам речиси ништо за минатото на татко ми. Не знам дали е добро или лошо, но би сакал да знам“, го прашал актерот основачот на Центарот, рабинот Марвин Хејер. Во текот на двата месеци од истрагата, во која Хајер лично учествувал, детективите успеале да утврдат дека Густав Шварценегер навистина бил член на Нацистичката партија и доброволно и се приклучил во 1938 година. Сепак, истрагата не можеше да утврди дали таткото на актерот бил воен злосторник и дали бил припадник на нацистичките СС или СА.

Оваа приказна со нацистичките корени на Арнолд Шварценегер можеше тука да заврши доколку во 2003 година ѕвездата од трилогијата „The Expendables“ не се реши да се кандидира за гувернер на Калифорнија. Нормално, тоа привлече дополнително внимание на него и на неговото семејство. Така на светот му беа откриени застрашувачките факти од минатото на семејството на легендарниот актер.

Сè започна кога дописник на познатиот дневен весник Лос Анџелес Тајмс успеа да дојде до документи кои се чуваат во австрискиот државен архив. Тие ја потврдуваат вмешаноста на Густав Шварценегер во злосторствата на нацистичкиот режим. Покрај тоа, еден од овие документи вели дека таткото на актерот бил член на СС и ѝ се придружил шест месеци по Кристалната ноќ – тогаш јуришите на СС уништиле и ограбувале еврејски куќи, продавници и синагоги низ Германија и Австрија и ги испратиле во концентрациони логори илјадници Евреи.  Нема информации за точните должности на Густав Шварценегер во СС.

Бил директен учесник во нацистички крвави злосторства

Од објавените документи стана познато и дека таткото на Шварценегер служел во оние трупи кои учествувале во најкрвавите и најстрашните епизоди од Втората светска војна, вклучувајќи ја нацистичката инвазија на Полска, Франција и СССР и блокадата на Ленинград. Според Мајкл Беренбаум, историчар на холокаустот и автор на 14 книги на оваа тема, таткото на филмската ѕвезда бил директен учесник во нацистичките злосторства: „Бил во најгустиот дел на борбите за време на најлошите години на Втората светска војна, тогаш се случија најмонструозните убиства. Тој беше во пеколот“.

Има информации дека Густав Шварценегер се искачил на чин подофицер во воената полиција и ја напуштил војската во 1943 година. Во виенските архиви има докази дека во повоените години му било дозволено да работи во Германија, бидејќи немало забележано никакви воени злосторства. Така, тој се приклучил на полицијата, каде што работел до неговата смрт во 1972 година.

Искуствата на „железниот Арни“

Ѕвездата на Терминатор со години мораше да бара изговори за минатото на својот татко. Исто така, актерот често беше запаметен по неговото блиско пријателство со Курт Валдхајм, поранешниот претседател на Австрија и генерален секретар на Обединетите нации. Во 1986 година, Арнолд го покани Валдхајм на неговата свадба со Марија Шрајвер. Свадбената церемонија се одржа еден месец по првите обвинувања против Валдхајм дека криел нацистичко семејно минато. Екс-претседателот на Австрија не можел лично да дојде, туку им испратил подарок на младенците. За време на свадбата, Шварценегер наздравил во чест на Валдхајм, што предизвикало збунетост и навреда кај многу гости.

Подоцна, Шварценегер ќе зажали за таа славеничка здравица и тоа повеќепати. Според Роб Штуцман, портпарол на изборниот штаб на актерот, Арнолд одамна се предомислил за Валдхајм и се срами од фактот што тие лично се познаваат. „Сите добро знаат дека Арнолд секогаш бил загрижен поради фактот што неговиот татко служел во германската армија. Сите овие прашања му се поставуваат многу години“, вели Роб Штуцман. Според него, „железниот Арни“ го презира минатото на својот татко и активно помага и сочувствува со еврејската дијаспора. Познато е дека Шварценегер му дал на центарот Визентал 750 илјади долари и помогнал да се добијат уште десетици милиони, како претседател на добротворната фондација.

„Сакам да ви кажам за Русинот кој стана мој херој“

Во детството, поранешниот гувернер на Калифорнија многу го сакаше својот татко, иако тие имаа тешка врска. Познато е дека Густав Шварценегер бил суров човек и му забранувал на својот син да се занимава со омилениот бодибилдинг. Тој, исто така, ги принудуваше своите синови да се караат со пријателите и секогаш го пофалуваше победникот, а обично победувал постариот брат на Арнолд, Мајнхард. Покрај тоа, Шварценегер во многу свои интервјуа спомнал дека не знаел што правел неговиот татко за време на воените години, бидејќи во Австрија не било вообичаено луѓето од неговата генерација да разговараат со своите татковци за Втората светска војна.

И покрај ужасното минато на неговиот татко, кој, според многу претпоставки, учествувал во инвазијата на СССР, идолот на Арнолд Шварценегер отсекогаш бил само една личност – советскиот кревач на тегови Јуриј Власов.

„Сакам да ви кажам за Русинот кој стана мој херој. Во 1961 година, јас и мојот пријател дојдовме во Виена да го гледаме Светското првенство во кревање тегови. Бев меѓу гледачите кога Јуриј Власов ја освои светската титула, станувајќи првиот човек што крена 200 килограми над глава. Успеав да го видам, тој ми се насмевна и ми потпиша своја фотографија. Никогаш не сум бил толку среќен. Кога дојдов дома, ја закачив неговата слика над мојот кревет за инспирација кога почнав да кревам тегови. Татко ми бараше да ја искинам оваа фотографија и да закачам фотографија со некој германски или австриски херој. Беше навистина лут, постојано се каравме меѓу себе поради ова. Не ги сакал Русите поради неговото искуство во Втората светска војна. Тој беше ранет во близина на Ленинград, каде што нацистичката војска, во која служеше, нанела непоправлива штета на градот и народот. Но, не ја симнав сликата од ѕидот, не – бидејќи не ми беше гајле под кое знаме настапи Јуриј Власов “, ја опишува актерот својата љубов кон својот идол кој всушност припаѓал на народот против кој татко му во минатото с борл да го уништи.

 

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....