14:13 - 1 април, 2026

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Тања Савиќ вчера одржа концерт во белградска Арена, а на сцената во еден момент дури и го прегрна своето момче Мухамед, Муки Бешиќ. Имено, тој за кратко ѝ се придружил и ја прегрнал, а бидејќи не сакал ниту да се фотографира, ниту да го снимаат, веднаш се сокрил од местото на настанот.

Тања во тој момент се пошегувала и на присутните им се обратила велејќи дека ги избегнува камерите.

– Муки не сака да го фотографира и снима, затоа и излезе само на кратко. Не е важно, ние ја почитуваме неговата одлука, тој сака приватност – рекла пејачката.

Како што дознаваат срспките медиуми, Тања веднаш откако го завршила концертот, добила уште еден букет цвеќе од своето момче Муки, а таа веднаш штом се упатила зад сцената му се „фрлила“ во прегратка. Сите собрани од тимот на пејачката виделе колку се сакаат, а им било мило што биле присутни на ваква сцена по големиот концерт што пејачката го направи во арената.

Слични објави

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.
Се вчитува....