06:09 - 31 јануари, 2026

Светски патници со космополитски дух: Психолошки профил на хороскопските знаци – СТРЕЛЕЦ

Тоа е огнен знак кој симболизира далечина, патувања, космополитски дух, високи морални начела. Неговите припадници се енергични, отворени, не се држат до конвенција и не остануваат покрај партnер кого не го сакаат. Тоа се авантуристи без постојана адреса, светски патници и истражувачи, љубовници, патописци, спортисти и дипломати.

Ги привлекува сè што го извишува духот и му годи на телото, можат да бидат аскети и најголеми хедонисти. Имаат големи апетити, сакаат толку многу да учат, да се обидуваат… Без многу размислување се впуштаат во љубовни авантури, опасен спортски потфат или ризична работа. Во душа се хазардери; можат да стават сè на коцка само за една секунда!

Во комуникацијата се многу отворени, некогаш и премногу директни. Кажуваат сè што ќе им падне на памет, прашуваат сè што ги интересира, а некогаш и наивно и детинесто зборуваат за своите планови. Во основа се фер и искрени, па мислат дека и другите се такви. Великодушни се, некогаш и расипници, сакаат луксуз, прослава, свечености и друштвени собирања. Сакаат да бидат таму каде што нешто се случува. Први ќе се јават како доброволци ако нешто треба да се проба или да се помогне некому. Ги привлекува сè што е поразлично: други земји, обичаи, култура, јазици, а посебно егзотични места. Уживаат во патувања, не сакаат досадна работа, ги иритира малограѓанство и трачерско друштво. Над сè мразат ограничувања на слободата, чувство дека мора да останат покрај некого или мораат да направат нешто. Сакаат да бидат слободни како птица во лет, да одлетаат далеку, да видат сè и на другите да им зборуваат за тоа.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....