17:46 - 12 април, 2026

Светот зборува за скриената порака во ланчето на Меган Маркл! (ФОТО)

Само неколку дена откако пристигна во Велика Британија, прв пат откако со нејзиниот сопруг принцот Хари објавија дека го напуштаат кралското семејство, Меган Маркл успеа да стекне уште еден непријател. Откако си замерија со Кејт Мидлтон и кралицата Елизабета Втора, таа успеа да го налути својот свекор, принцот Чарлс.

Всушност, војвотката од Сасекс го сврте вниманието на јавноста кон себе на денот кој беше многу важен за Камила Паркер, и тоа кога објави фотографии од посетата на Националниот театар, која се сличи малку порано. Меган објави неколку фотографии кои настанаа додека таа уживаше истражувајќи го театарот, а сите беа воодушевени од белата модна комбинација која за таа прилика ја носеше. Меѓутоа, сега во прв план исплива интересен детањ од овој стил – нејзиното ланче.

Дизајнерка на ова парче накит е Софи Лис, на Инстаграм објави фотографија од војвотката Меган и ланчето кое во крупен план покажува дека на неа има изгравирано на француски „Qu’hier“ и „Que Demain“. Како што тврди Лис, грубиот превод би значел:

„Секој ден те сакам се повеќе од претходниот, а помалку од утре“.

Станува збор за стихови од песната на француската поетеса Роземонд Жерар.

Како што пишуваат странските медиуми, не е познато дали е во прашање подарок кој Меган го добила од својот сопруг принцот Хари или ова е ланче кое војвотката сама си го купила, но во секој случај таа ги разнежни обожавателите.

Слични објави

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.
Се вчитува....