14.8 C
Скопје
19:45 - 28 март, 2024

СВЕДОЧЕЊЕ НА ЏОНИ ДЕП: „Еден ден Амбер беше Пепелашка, а во еден момент станува Квазимодо!“

58-годишната ѕвезда конечно сведочеше во судењето на Ферфакс Вирџинија во кое се гледа како на оштетена страна. Како што објаснува Би-Би-Си, „правниот тим на г-ѓа Херд го прикажа г-дин Деп како навредлив партнер склон кон алкохол и дрога“; додека „правниот тим на г-дин Деп ги нарече тврдењата на г-ѓа Херд за семејното насилство „измама“ и пресметана стратегија за рушење на угледот на актерот.

„Никогаш не сум ја удрил госпоѓица Херд и никогаш не сум удрил ниту една жена во мојот живот“ – се изјасни Џони Деп.

Актерот го обвини Вашингтон пост за клевета од 50 милиони долари, откако весникот објави напис во кој поранешната сопруга на Деп, Амбер Херд, тврдеше дека била жртва на семејно насилство. Во втората недела од судењето, конечно се случи и сведочењето на Деп кој одговараше на прашањата на својот адвокат.

„Тоа беа тешки шест години. И чудно е затоа што еден ден таа беше Пепелашка, а во еден момент станува Квазимодо“, објасни актерот осврнувајќи се на промената на расположението на Амбер.

Деп се навратил на една навидум безначајна епизода, но според него значајна за да објасни како одеднаш неговата сопруга во тоа време почнала да го менува своето однесување, а потоа за една и пол година да се трансформира во сосема друга личност. Секогаш кога парот доаѓал дома, Херд имала обичај да му ги соблече чизмите или чевлие на нејзиниот сопруг и да му донесе чаша вино. Но, една вечер Деп би ја прекршил рутината на овој ритуал со тоа што сам ги соблекол чизмите. Во тој момент, Херд го погледната со раширени очи велејќи: „Но, што направи? Дали ги соблече чизмите?“. Деп одговорил: „Да, го направив тоа затоа што ти беше зафатена со други работи“. Но, повторно според сведочењето на Деп, Херд му рекла „не, не, не, ова е моја работа. Ти не треба да го правиш тоа, јас морам да го направам тоа! Сега дозволи ми да ти донесам чаша вино “.

„Очигледно застанав таму – рече Деп за време на сведочењето на судот – поради фактот што беше видно потресена и вознемирена од фактот што ги прекршив нејзините правила на рутина. Откако ќе забележите вакво нешто, забележувате и други чудни работи кои постепено се случувале. За една година, една и пол година, г-ѓа Херд стана друга личност“.

На сведочењето на Деп мора да се додаде уште еден елемент во негова корист. Звучниот инженер Кинан Вајат, присутен на летот од Бостон во Лос Анџелес во 2014 година, каде Херд тврдеше дека била малтретирана од нејзиниот поранешен сопруг, навистина негираше какво било обвинување, забележа дека наместо тоа девојката користела „гласни и вжештени“ тонови кон сопругот.

Во овој момент се очекува само за сведочењето на Амбер Херд кое ќе се случи за неколку дена.

Слични објави

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо
Се вчитува....