-1.2 C
Скопје
06:29 - 11 март, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) СУЗАНА И АТИЏЕ ПОКАНЕТИ НА ГЛАМУРОЗНА ПРИВАТНА ПРОСЛАВА: Совршено стилизирани, во дует ги разнежнија присутните гости

За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.

Неодамна двете дами го остварија долго најавуваниот дует „Од Бекирлија до Битола“, а притоа беше промовиран и видео спот за оваа композиција, која е најава за нивниот прв заеднички албум „Иста судбина“.

Фото: Принтскрин / Facebook

Викендов Сузана и Атиџе беа поканети да настапат на една приватна прослава. Совршено стилизирани во елегантни тоалети двете дами настапија во дует изведувајќи една од песните од нивниот прв албум пред присутните гости.


За некои луѓе никогаш не си сигурен дали се поубави однатре или однадвор. Таква е и нашата славеничка Елена Солаков – прекрасна, уникатна и беспрекорна во секој поглед. Атиџе и јас уживавме на родененската прослава. Среќен роденден драга наша Елена и продолжи и понатаму да им ги разубавуваш животите на луѓето, стои во описот на објавата на Турурнџиева со која и се заблагодарува на славеничката која ги поканила да бидат гости на нејзината прослава.

Сузана и Атиџе со својот настап ги разнежнија присутните гости кои уживаа во прекрасната изведба на двете дами чие искрено пријателство не освојува.

Слични објави

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо
Се вчитува....