12:11 - 11 април, 2026

Старлетата Кортни Стоден: Се омажи на само 16 години, а за време на разводот се обиде да се самоубие

Најконтроверзната американска старлета, 25-годишната Кортни Стоден од минатиот месец повторно е слободна. На друштвените мрежи објави дека официјално е разведена од 59-годишниот актер Даг Хачисон. Како што таа наведе, разводот траел 2 долги години, поради што сега е многу среќна. Помеѓу останатото, пред неколку дена таа проговори за депресијата против која се бореше минатата година.

Како што претходно изјави, и беа потребни 2 години за да го заврши бракот со актерот за кого се омажи кога имаше само 16 години.

„Ми требаше волку време, бидејќи погрешно ги пополнив листовите за барањето. Ова ми е прв развод, па за решавање на документацијата ми беа потребни 2 години. Целиот тој процес ми ја распарчи душата, но и неговата. Се уште имаме многу чувства еден спрема друг“, изјави таа.

Но, иако се знаеше дека дојде крајот на нивниот брак, не беше познато која е причината позади тоа. Кортни за „Radar online“ сними видео каде потполно искрено разговара за целото искуство. Тоа што шокираше многумина е признанието дека се соочила со тешка депресија во 2019 година: „Не е тајна дека паднав во депресија“.

„Не гледав излез од оваа болна животна ситуација. Во една прилика додека бев пијана, се одлучивив дека тоа е тоа, крај“, ја отвори душата 25-годишната старлета која сега е среќна што не успеала да се самоубие.

View this post on Instagram

@courtneyastodden

A post shared by THE BOOGYMAN (@chrisbeeaee_official) on

Покрај сето тоа, таа откри дека со сопргот Даг и понатака е во добри односи, но дека сега сфатила како се уште не е спремна за таков живот.

„Иако Даг не ме гледаше така, јас бев дете и тоа не може да се сокрие“, заклучи таа.

Слични објави

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава многумина трогна

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо

Хороскоп за 11 април: Лавовите ќе уживаат во романтичните нежности, Близнаците ќе добијат прекрасен комплимент

Еспресо

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.
Се вчитува....