05:21 - 12 март, 2026

Совршена за појадок или ужина во комбинација со овошен јогурт: Рецепт за здрава, домашна гранола

Овие летни денови, класичниот појадок или ужинка заменете го со освежителен оброк. Комбинацијата на гранола и овошен јогурт ќе ве освежи и ќе ви даде енергија по напорниот работен ден. Доколку не сте многу гладни може да биде совршен избор за здрав и лесен ручек. Притоа ви откриваме и еден супер брз рецепт како да подготвите домашна гранола без додаден шеќер

Потребни состојки:

-300 гр овес
-50 гр сурови бадеми
-50 гр суровини ореви
-3 лажици темно чоколадо без шеќер
-1 лажица мед
-50 гр кокосово масло, стопено
-1/4 лажиче сол

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 спенени
2. Обложете плех со хартија за печење.
3. Во голем сад за мешање, додадете ги овесот, бадемите, оревите, медот, стопеното кокосово масло и солта. Мешајте додека не се соединат.
4. Префрлете ја смесата од овес во обложениот плех и распространете ја во тенок слој со лажица. Нежно притиснете надолу за да се стисне.
5. Печете 10 минути, потоа измешајте ја еднаш и притиснете нежно за повторно да се стисне со лажица, а потоа печете уште 10 минути.
6. Отстранете ја гранолата од рерната и оставете ја да се излади целосно пред да ја раскршите
7. Откако ќе се излади, измешајте го чоколадото.

Извор: „ChloeTing“

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....