2.8 C
Скопје
02:32 - 24 декември, 2024

Совети од Клиника „Жан Митрев“: 8 најчести здравствени проблеми во лето и како да се третираат

Летото е во полн ек. Иако повеќето од нас веќе применуваат соодветни чекори, кои вклучуваат добра хидрираност или користење заштитен крем за сончање, сепак дехидратацијата, топлотниот удар и изгорениците не се единствените здравствени проблеми што се појавуваат во текот на летото. Особено се присутни инфекциите и други состојби што произлегуваат од високите температури, морето или користењето на базените што го зголемуваат ризикот.

Надворешен отитис (познат како пливачко уво): Тоа е инфекција што се појавува на надворешниот дел од слушниот канал и е предизвикана од зголемениот контакт со водата од базените и од плажите. За да се спречи ваква инфекција, се препорачува сушење на надворешниот дел на увото и влезот на каналот по напуштање на водата, користење ушни тампони или капи за капење. Не треба да користите стапчиња за уши или спрејови што можат да ги променат pH-вредностите на кожата на каналот. Во секој случај, при појава на непријатност или симптоми посетете оториноларинголог.

Инфекции на кожата: Спортското стапало, кое опфаќа различни процеси на инфекција, како габични така и бактериски, покажува повеќе симптоми во лето, поради зголемена температура и влажност. Истото се случува и со појавата на белите дамки/флеки, кои се интензивираат и стануваат повидливи на исончана кожа, секако поради комбинација со степенот на присуство на влага и температура од околу 30-32ºC, бидејќи тоа се идеални услови за да се размножат. Друга честа инфекција е кандида вулвовагинитис, која се проценува дека влијае врз 90% од жените барем еднаш во нивниот живот. Иако оваа габа е дел од нормалната флора на вагината и дигестивниот тракт, во лето епизодите на вулвовагинитис се зголемуваат поради изложеноста на поголема влажност и температура (долго носење влажен костим за капење).

Дехидрација: Недостигот на течности во телото може да ни предизвика вртоглавица, сушење на устата. Во топли и сончеви денови, кога се потиме повеќе од нормално, важно е да пиеме многу вода за да останеме хидрирани, дури и пред да почувствуваме жед. Мора да внимаваме на екстремната жед, замор, сува уста, вртоглавица или раздразливост бидејќи тие можат да бидат знак дека сме дехидрирани.

Каснувања од инсекти: Комарците, мувите, осите и разните видови мравки имаат тенденција да се размножуваат во топла, влажна клима. Доколку не сме алергични, ќе поминеме само со непријатност на кожата, односно чешање и чувство на печење во областа, црвенило или оток. Но, доколку сме алергични, болката најверојатно ќе биде посериозна и ќе се појават реакции како меурчиња, вртоглавица, отежнато дишење, гадење и сл. Во овие случаи, важно е веднаш да се побара лекарска помош. Најдобро е да не го чешате местото на убодот бидејќи ќе треба подолго време да исчезне и ќе остави трага. Наместо чешање, пожелно е да користите гел за ладење и ублажување на чешањето.

Топлотен удар: Оваа сериозна медицинска состојба предизвикува зголемување на основната температура на телото. Топлотен удар може да настане како резултат на продолжено изложување на прекумерна топлина. Станува збор за нарушување на механизмот за препознавање на топло/ладно. Треската и екстремно високата температура на телото може да предизвикаат трајни оштетувања. Знаци кои треба да нè алармираат се: конфузија, кратко и забрзано дишење и забрзан пулс.

Изгореници од сонце: Се појавуваат кога поминуваме премногу време изложени на ултравиолетово (УВ) зрачење од сонцето. Тоа влијае врз живите ткива како што е кожата, ја гори и предизвикува црвенило и иритации, а понекогаш се појавуваат и пликови. Во случај на тешки изгореници, кожата може дури и да отече, да почне да се лупи или да се појави рана. Најчесто изгорениците се подобруваат сами по себе како што одминуваат деновите. Но, треба да побараме лекарска помош ако имаме треска, главоболка и болка на изгореното место. Мора да имаме на ум дека изгорениците од сонце го зголемуваат и ризикот од рак на кожата. Најдобар начин да се спречи оштетувањето од сонцето е да се нанесе крем со заштитен фактор 50 најдобро 15-25 минути пред изложување на сонце за да ѝ се овозможи на кожата да го апсорбира кремот за сончање. Покрај тоа, мора да избегнуваме изложување на сонце во најтоплите часови од денот (од 11 наутро до 4 попладне).

Стомачен вирус: Високите температури и повеќе активности на отворено се совршени сојузници за патогените бактерии како што е Staphylococcus aureus да се размножуваат во нашата храна и вода. Симптомите на труење со храна, кои може да се движат од благи до тешки, често вклучуваат повраќање, абдоминална болка, дијареја, треска и главоболки. Бидете сигурни дека храната се подготвува и се складира правилно за да се спречи размножувањето на бактериите. Чистењето, одвојувањето, готвењето и ладењето се основните принципи на безбедноста на храната.

За повеќе информации или третман, консултирајте се со тимот на Клиника „Жан Митрев“ преку закажување термин на 02 3091 484.

Слични објави

Позната српска пејачка реши да преработи песни на Марина Туцаковиќ: Фута конечно откри што мисли за тоа

Еспресо

Позната состојбата на Милиќ Вукашиновиќ: На рокерот му беше ампутирана ногата, еве каде е сега и како се чувствува

Еспресо

(Фото) „Без филтери“: Јована Јеремиќ сподели необработена фотографија и покажа како навистина изгледа

Еспресо

Весна Ѓогани ја откри вистината за бракот со Ѓоле Ѓогани: Никогаш не сме си кажале дека се сакаме!

Еспресо

(Фото) Најслаткото нешто што ќе го видите денeска: Дарко Лазиќ и малата Срна во новогодишни пижами

А.Ј.

Александра Пријовиќ за Нова година ќе заработи 300.000 евра! Синоќа се прости од публиката, ја чекаат уште два настапи

Еспресо
Се вчитува....