09:58 - 12 март, 2026

Сопругот на српска пејачка ги возел Доналд и Меланија Трамп: Србинката откри каков е приватно американскиот претседател

За безбедното возење на првиот човек на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга и Меланија, своевремено се грижел Србин, сопругот на една српска пејачка.

Малкумина знаат дека американскиот претседател некогаш го возел Србин, Војин Ивичиќ, сопственик на компанија за изнајмување луксузни автомобили во Њујорк, кој е во брак со русокосата фолк пејачка Марина Ивковиќ Бозало.

Војин е роден во Босна и Херцеговина, дипломирал на Економскиот факултет во Сараево, а потоа се преселил преку океанот, а еден од неговите први клиенти во Америка бил Доналд Трамп. До 2016 година го возел само него, а потоа станал шофер и на сопругата Мелани и синот Ерик. Пред неколку години, неговата сопруга Марина, за локалните медиуми зборуваше за работата на Ивичиќ за Трамп, како и за тоа каков е американскиот претседател приватно.

-Имав среќа да се сретнам со господинот Трамп и неговата убава сопруга Меланија. Секогаш беше топол кон мене и се однесуваше како да се познаваме цел живот. Тој е господин, а мојот сопруг повеќе соработува со него. Тој неколку години го возеше актуелниот претседател на Америка, а неодамна и сопругата и синот – изјавила тогаш пејачката за „Курир“.

Марина изјавила и дека Србите кои живеат во Америка многу го сакаат и го ценат Доналд Трамп.

– Неколку пати го сретнав Трамп на улица. Секогаш застануваше со граѓани кои сакаа да се фотографираат или да разговараат со него. Најчесто можете да го видите во хотелите што ги поседува. Редовно ги посетува сите. Има сѐ во животот, а се однесува како обичен човек. Тој е толку едноставен и нормален. Затоа мојот сопруг многу го цени – истакнала пејачката.

Слични објави

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо
Се вчитува....