8.8 C
Скопје
12:22 - 1 април, 2026

Сопругот на Ненси Пелоси осуден на пет дена затвор поради возење во пијана состојба

Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси, е осуден на пет дена затвор поради возење во пијана состојба и предизвикувајќи сообраќајна штета во која имало и повреден, пренесува Волстрит Журнал. .

Пелоси беше уапсен поради возење во пијана состојба на 28 мај, но сопругот на политичарката беше ослободен со кауција од пет илјади долари. Самата Пелоси нема никаква врска со несреќата.

Окружниот суд Напа (Калифорнија) му одредил на Пелоси да плати 4,9 илјади долари отштета на жртвата во несреќата, како и да плати 1,7 илјади долари за правни трошоци.

Пол Пелоси исто така беше осуден на пет дена затвор. Но, тој не бил  приведен, бидејќи судот му одредил два дена кои претходно ги поминал во притвор, а два дена му отпиша поради добро однесување, додека петтиот ден му замени со општокорисна работа. Пелоси беше ставен и на условна казна од три години.

Претходно, Ненси Пелоси беше во центарот на вниманието со посетата на Тајван каде што ебше на дипломатска мисија. Кина, која го смета Тајван за своја територија, предупреди на подготвеност да преземе строги мерки во врска со посетата на Пелоси.

Слични објави

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....