6.8 C
Скопје
08:16 - 1 април, 2026

Славниот водител по 27 години брак и две деца објави дека е хомосексуалец! (ВИДЕО)

Британскиот телевизиски водител Филип Скофилд преку социјалната мрежа Инстаграм и соопшти на јавноста дека е хомосексуалец.

Водителот на најпопуларната британска емисија, утринската програма „This Morning“, 27 години е во брак со Стефани Лов, со која има и две ќерки.

Со поддршка од мојата сопруга и моите ќерки го прифатив фактот дека сум хомосексуалец. Тоа предизвика бројни тешки разговори во нашиот дом. Во брак сум со Стефани речиси 27 години и имаме две прекрасни ќерки. Моето семејство ме одржа во живот, се обидуваа да ме развеселат, да ми дадат безусловна љубов и нежност, иако и самите се збунети. Но, и натаму не можам да заспијам и поминав некои навистина мрачни моменти. Конфликтот на она што сум длабоко во себе и надворешниот свет се намали. Денеска, и тоа со право, да се биде геј е причина за слава и гордост. Да, чувствувам голема збунетост, но причината за тоа е само болката која му ја нанесувам на своето семејство“, напиша тој.

Фото: Принтскрин

Стефани беше неверојатна, многу ја сакам. Таа е најљубезната душа која сум ја запознал. Моите ќерки ме воодушевија со својата љубов, прегратки и охрабрувачки зборови за утеха. И моето и семејството на Стефани ме запрепастија со својата љубов, прифаќање и поддршка. Секако дека се загрижени за Стефани, но знам дека и на двајцата ќе ни помогнат да се кренеме. Моите пријатели се најдобри, посебно Холи, која беше толку љубезна и мудра. Не можев да се надевам на попрекрасен тим во однос на оној со кого работам на телевизија“, додава водителот во своето соопштение.

Скофилд својата кариера во медиумите ја започна во 1982 година, кога се вработи во радио во Нов Зеланд, а потоа доби работа во „Би-Би-Си“.

Пред 18 години Скофилд почна да води утринска програма, а повеќе од една деценија тој работи со Холи Вилохи.

„Никогаш не сум била погорда на својот пријател од денеска“, напиша таа на Инстаграм набргу по неговото признание.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....