18.8 C
Скопје
17:41 - 12 септември, 2026

Славната манекенка Карли Клос трпела тортура од семејството на милијардерот поради верата!

Оваа прекрасна децојка висока 188 сантиметри е позната по својата љубовна приказна, која помина низ многу несогласувања и препреки.

Ангелот на Викторија Сикрет и славната манекенка Карли Клос, се појави на ревијата на прочуениот дизајнер Жан Пол Готје и заблеска на пистата. Оваа висока убавица освен по тоа што е една од најпознатите манекенки, позната е и по својата љубовна приказна со Џошуа Кушнер, со кој е во брак од 2018 година. Всушност, станува збор за братот на Џеред Кушнер, кој е сопруг на Иванка Трамп.

Profimedia

Тие двајца се во врска од 2012 година, а веридбата ја потврдија во 2018 година. Карли тогаш станала и Еврејка, а се венчале во октомври истата година. Иако никогаш немале никакви скандали, имале многу проблеми со семејството на Кушнер, кое не сакало да ја прифати Карли.

Милијардерското семејство манекенката го запознала после 6 години врска!

На Кушнерови им сметало тоа што Карли не е Еврејка и имале став дека не е доволно добра за нивниот син. Сепак, немале проблеми со Иванка Трамп, иако и таа дури накнадно преминала во еврејството.

Profimedia

„Иванка е друго, таа има Трампова крв. Таа учела на престижен факултет и е богата. Карли е од предградието и не е факултетски образована“, збореле родителите на Џошуа, кој ја бранел својата сакана.

Освен родителите, дури и братот Џеред бил против манекенката. Тие зборувале лошо за Карли и ја нарекувале со погрдни прекари. Зборувале дека таа е само „манекенка за долен веш“ и дека ќе им ја уништи лозата, па не ѝ дозволувале да доаѓа на семејните собирања. Сепак, овој пар на крајот се изборил за љубовта, а само тие знаат какви жртви морале да поднесат.

Profimedia

Слични објави

Вук Моб по раскинувањето на свршувачката најде нова девојка: „Таа е прекрасна личност!“

Еспресо

Никој не може да им одолее! Ова се трите најстрасни хороскопски знаци!

Еспресо

(Фото) Прв одмор со малата Тина — Александра Јанева ја покажа ќерката

Еспресо

Теодора Џехверовиќ купи луксузен стан од 400.000 евра, па ѝ го изнајми на колешка: „Се договоревме за пет минути“

Е.А.

(Фото) Љупка Митрова разменува бакнежи со сопругот на Малдиви: „Си го сликам телото затоа што си го сакам“

Еспресо

(Фото) Николија шокираше со својот изглед – позираше со кратка црна коса и доколенки

Еспресо
Се вчитува....