19:06 - 24 ноември, 2026

Славица Ќуктераш ја шокираше јавноста: Го замолив попот да ме исповеда, па го измамив

Српската пејачка Славица Ќуктераш извесен период избегнуваше да се појавува во медиумите, но сега одлучи да гостува во една емисија каде откри дека еднаш се обидела да се исповеда во манастир.

Славица ја раскажа ситуацијата која ѝ се случила на крајот на октомври кога со своето момче посетила еден манастир.

– Секако дека одам по манастири, но не одам редовно. Скоро ме обзеде тага и отидов во црква со Владимир, а тој ден имаше литургија. Како што попот пее, јас плачам, Владимир ми подава марамчиња, жената што продава свеќи подава марамчиња… ваљда така му доаѓа на човек да плаче. Литургијата заврши, ние двајца останавме и свештеникот доаѓа. Му велам: Попе, би сакала да се исповедам. Ме прашува: Дали некогаш си се исповедала? Секако, одговарам дека не сум и дека не знам како функционира…само сакам да си ја олеснам душата. Ми рече да излезам, но јас се измамив себеси и свештеникот затоа што никогаш не отидов да се исповедам. Да ме фатеше тогаш да се исповедам, којзнае што ќе му речев – изјави Славица.

Инаку, неодамна дојде до непријатна ситуација меѓу неа и нејзиниот поранешен сопруг, голманот Влада Аврамов, кого го пријави за закани.

Слични објави

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.
Се вчитува....