9.8 C
Скопје
12:39 - 31 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Спремајте си ги џемперите и мантилите за наутро, навечер – спиење под ќебе!

Според прогнозите на временскиот прогнозер Славчо Попоски есенската гардероба предвреме ќе треба да ја распакуваме…

Наутро – ќе облекуваме џемпери, а навечер – на раат ќе спиеме под ќебиња, такви се метео прогнозите за периодот пред нас, почнувајќи од среда. 

-Снегот на Балканот оваа година пристигна порано. Завчера, поради спуштање на студен воздух од Алскиот регион кон Балканскиот Полуостров, во Словенија падна првиот снег.

Снег врнеше на Кредарица, а врнежите условија и мала снежна покривка, нè известува Попоски и додава:

– Во следните денови, очекуваме температурите и тоа особено наутро да бидат значително пониски, како во регионот, така и во Македонија. Па затоа доколку излегувате во вечерните и утринските часови, носете потопла облека.

Го прашуваме Попоски дали и кај нас снегот може да нè изненади.

– За разлика од Словенија, кај нас рано е за снег, но првиот свеж воздух, проследен со засилен северен и северозападен ветер доаѓа во среда попладне и навечер, како и во четврток. Пред нас се доста свежи утра, кога температурите ќе се спушаат и под 10 степени на некои места, нагласува метео прогнозерот.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо
Се вчитува....