18:53 - 10 ноември, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ СО НЕЗГОДНИ ВЕСТИ: Пороен дожд, еве кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец и истиот особено Долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе се искачи до околу 19 степени – вели Славчо Попоски.

Потоа, според Попоски, под влијание на влажен воздушен бран, утре на повеќе места ќе има врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Нова стабилизација на времето ќе има во петок и во сабота кога ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени. Нов влажен и постуден бран од северозапад се очекува во недела, кога ќе дува и умерен до засилен ветер од западен и од северозападен правец.

Слични објави

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.
Се вчитува....