15:59 - 12 ноември, 2026

ЕЈМИ ШУМЕР проговоре за Оскарите: „Се беше во ред додека Али не излезе на сцената…“,„Ми забранија реплики, ама дозволено е да удриш шамар на сцена!“

Како што е познато, Крис Рок го чекаше своето стенд-ап шоу минатата недела за да прозбори за прв (и засега единствен пат) за тоа што се случи со Вил Смит на сцената на Ноќта на Оскарите.

Ејми Шумер пак, една од трите водителки на вечерта, исто така го чекаше нејзиното шоу во Лас Вегас за да открие нешто повеќе за церемонијата – откако еднаш излезе од контрола на Инстаграм и потоа веднаш ја избриша објавата.

Според извештаите на Е! Њуз, за време на нејзиниот настап во театарот Мираж во Лас Вегас, комичарката започнала вака:

„Не знам што да кажам за Оскарите. Немам шеги за тоа. Сè што можам да кажам е: не знам дали сте ги прочитале вестите, но Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок. Дали некој од вас го прочитал тоа?“

Таа потоа се пошегува за аферата нарекувајќи го Смит – Али (актерот го играше Мухамед Али во 2001 година):

„Сè беше во ред, уживав во настанот… а потоа одеднаш Али излезе на сцената. И тоа беше глупост. Сè што можам да кажам е дека беше многу тажно, и мислам дека кажува многу за токсичната машкост. Беше многу иритирачки, но мислам дека најдобриот начин да се подобриме е да ги кажам репликите што не ми дозволија да ги кажам на ТВ за време на Оскарите“, рече Ејми нагласувајќи дека била цензурирана од организаторите.

Во тој момент, Шумер почнала да набројува низа реплики кои „адвокатите“ ѝ забраниле да ги каже за време на емитувањето на Оскарите.

„Не ми дозволија ниту една од овие реплики, но очигледно може да се качиш на сцената и да удриш шамар“, додаде водителката на Оскарите.

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....