10:48 - 12 март, 2026

Славчо Попоски прогнозира зимско невреме, циклон, до 1 метар снег на Балканот, еве кога!

– Вистинското пролетно време кое владее низ целиот Балкан ќе го прекине вистинскиот зимски циклон кој за време на викендот ќе го зафати регионот (Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора). Циклонот ќе биде со центар над Џеновскиот Залив.

На планинските места во овие Балкански држави локално се очекува и до еден метар снег (100 цм), особено во Црна Гора.

Снг ќе има и на пониските места (градовите), понекаде и над 30 см снег. 

Температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе се намалат а сето ова ќе биде проследено и со силен студен северен и североисточен ветер (на Јадранското море СИЛНА БУРА).

На нашите граѓани кои планираат за време на викендот, како и на самиот почеток од следната седмица да патуваат во овие Балкански држави им препорачуваме да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ.

Не се исклучува можноста и за локално НЕВРЕМЕ и ПОПЛАВУВАЊА.

Во Македонија овој зимски и МНОГУ СТУДЕН бран нема да пристигне, што значи дека нема да ја зафати нашата држава, температурите на самиот почеток на следната седмица ќе опаднат и кај нас, но се работи за не многу големо опаѓање на истите. Се очекува дожд во градовите а можност за снег според последните анализи ќе има само на високите планини.

Понатаму во деновите пред нас следуваат нови и обновени анализи околу овој циклон кој ќе го зафати Балканот – вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

За повеќе метео информации следете го Фејсбук профилот на Славчо Попоски – ТУКА.

Слични објави

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо
Се вчитува....