7.8 C
Скопје
19:27 - 1 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пак кабаници и чадори, еве кога!

– Како што најавивме под влијание на влажен и ПОСТУДЕН воздушен бран од север, утре ќе има нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер од северен и од северозападен правец. На планините и на некои повисоки места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, со што ќе дојде до формирање на НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА. Локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Температурите ќе опаднат за 8 до 9 степени во споредба со денешните и максималните дневни утре ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.
И во Скопскиот регион утре ќе има нови врнежи од дожд проследени со засилен ветер од северен и од северозападен правец. Ќе има услови и за локална појава на нестабилност проследена со појава на грмежи. Температурата утре ЗНАЧИТЕЛНО ЌЕ ОПАДНЕ и максималната дневна ќе се искачи само до околу 11 степени.
Според Попоски потоа во почетокот од следната недела ќе има стабилизација на времето и многу повеќе сонце. Наутро ќе биде ДОСТА СТУДЕНО со минимални температури кој на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 3 степени, додека на повисоките планински места истите се очекува да се спуштат дури и под -5 степени, со што ќе има појава на МРАЗ на повеќе места.
Токму поради ова ги советуваме земјоделците навремено да си ги заштитат своите земјоделски култури, бидејќи постои ОПАСНОСТ од ПРЕМРЗНУВАЊЕ на истите. Максималните дневни температури во почетокот од следната недела ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени, што значи дека и тие ќе бидат пониски за разлика од оние кои ги имаме сега.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....