06:36 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Пак дожд, проверете кога!

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот на навечер и тоа особено во западните предели ќе има слаби локални врнежи од дожд и снег на планините. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Ќе има услови и за сосема слаб и локален дожд. Максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени – вели нашиот метео пригнозер Славчо Попоски.

Според Попоски, потоа и во следните денови времето ќе се задржи променливо облачно, повремено со сончеви периоди но и со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите од југоисточен правец.

Температурите и понатаму ќе бидат натпросечно високи и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени, додека уште поголем пораст на температурите се очекува од четврток и истите во најтоплите предели се очекува да се искачат дури до 20 степени, со што на планинските места ќе дојде и до топење на снежната покривка.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....