15.8 C
Скопје
21:50 - 12 мај, 2026

АСОЦИЈАЦИИ СО ЏОКСИ: Кога гледам прасечко ми ѕуни во ушите, како да компонирам

Со музичарот Џина Папас Џокси уживаме во неговата гастро азбука, чувајќи го споменот од детството – ванилиците.

A – Афион – Се давам во штрудла од афион. Незаборавно чувство. Па со една чаша топло млеко, заспиваш на прва.

Б – Боров мед – Затоа што го сакам тој вкус. Пробајте.

В – Ванилици – Спомен од детството, мајка ми ги правеше.

Г – Грав – Па уште на тавче со подлога од кумановска трева. Бооооооо … !!!

Д –  Диња, дуња, дудинки – Не умирај пред да ги вкусиш.

Ѓ – Ѓумбир – Често го користам зачинов во замена за бибер.

Е – Ебамија – Бамија набавена по електронска пошта, за турлитава душа дава …

Ж – Жгањци – Едно подзаборавено јадење во комбинација со листови сланина и павлака, прсти да излижеш.

Ѕ – Ѕуни – Кога гледам прасечко ми ѕуни во ушите, како да компонирам. Мора и вам да ви се случило.

И – Иверка – Морска риба која бара специфична подготовка, се консумира само варена (лешо) со морка салата.

Ј – Јајца – Ровките ми се специјалитет. Ај да не ви раскажувам како ги јадам.

К – Качамак – Ама оној од Трница, со парче овчо сирење.

Л – Лубеница – Најдобриот природен антиоксидант, мочаш на секои 5 минути

Љ – Љубица – Тетка ми, на мајка ми сестра, уште не ми збори, еве 30 години (нејзината сарма закон)

М – Малини – Во состојба сум еден помал овоштарник да смачкам за еден ден. (Маџун – ама домашен)

Н – Налани – Често со нив одам на пазар. Кога ќе ги „расчукам“ од асфалт, уште од Градежен тезгаџиите знаат дека идам. (Наутот додадете го во која било салата, но може и во манџи, на пример во грав)

Њ – Њоки – Полнети њоки со сливи. Што да ви кажам, да ги направам па да пробате

О – Орхидеја – Најеротскиот цвет. Се употребува пред секоја сеанса. (Оморика – Еден вид бор. Душа давам за прошетка по таква шума. Овален сад – Одлични се за подготовка на разни салати, но и за главни јадења)

П – Пиперка – Едно домашно растение кое буди возбуда само штом ќе го погледнеш. Сировата е најхранлива во комбинација со патлиџан и сирење. (Домашно направена ПАЧА со лукче.)

Р – Рукола – Немам утнато ручек без салата од рукола. (Рогачот е вкусен кога наесен ќе се набере, онака цел, не во прав).

С – Суша – Најголемиот непријател на растенијата и животот во Светот. (Смоквата ми е најеротско овошје, Скушата е исто вкусна риба особено онаа сушената)

Т – Трева – Најубаво место за опуштање по одредени движења со партнерката/партнерот

Ќ – Ќуп – Глинен сад во кој баба ми ставаше саламурено месо. Еднаш ми спомна дека дедо ми заѕидал еден таков полн со златници, ама никако да го најдам ѕидот …

У – Урми – Едно тропско овошје од кое правам торта урмашица … Мммммммм … ( Немој да сте ми нарачале)

Ф – Фстаци – Апетисани кои ги јадам само сирови.

Х – Хумус – Хумусот не како ѓубриво, туку јадење.

Цвекло – Се јаде во каква било обработка, но јас од него правам и природни бои за цртање

Ч – Чорба – Секаква. Обожавам говедска со целер, морков, брокула и карфиол

Џ – Џимиринка – Џимиринката е месниот дел од чварката, но почитувам да се од домашно производство и не многу солени

Ш – Шафран – Зачин кој редовно го користам. Им дава на супите карактеристичен вкус. Инаку, антиоксидант е.

 

Слични објави

(Видео) Сцена што ќе ве растажи – Дарко Лазиќ со солзи во очите додека пее за својот покоен брат

Еспресо

(Фото) Сергеј Трифуновиќ ја прославува годишнината од бракот со 23 години помладата сопруга: „Две возбудливи и турбулентни години“

Еспресо

Glam and Glow ја претстави новата онлајн колекција: Стил што освојува на прв поглед

Еспресо

Цеца во краток мини фустан покажа како изгледа откако драстично ги намали килограмите

Е.А.

Зошто Дорис Драговиќ за малку ќе беше дисквалификувана од Евросонг во 1999 година?

Т.Ц.

(Фото) Се сеќавате на Кончита од Евровизија? Денеска е непрепознатлива!

Еспресо
Се вчитува....