10:25 - 7 април, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Многу снег, а наутро многу студено, еве кога

– Како што најавивме, во текот на оваа ноќ од запад ќе започнат врнежи претежно од снег, и во текот на утрешниот ден истите ќе се прошират насекаде. Само на некои од ниските места повремено ќе има врнежи од дожд и од снег. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, додека на планините истата значително ќе се зголеми. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени во крајните југоисточни најтопли предели од државава – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

И во Скопскиот регион утре ќе има врнежи од дожд и од снег, или мокар снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 4 степени.

Според Попоски, потоа локални врнежи претежно од снег, и тоа особено во јужните и во југоисточните предели ќе има и во среда, додека од четврток па натаму времето ќе биде претежно стабилно и суво.

Наутро повторно ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.

Слични објави

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо
Се вчитува....