6.8 C
Скопје
03:52 - 23 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Многу интензивни врнежи, еве кога и колку количински!

– Под влијание на влажен и студен воздушен бран денес времето во Македонија ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог, додека на повисоките места ќе дојде до формирање на нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Во текот на денот услови за врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните и во северните предели. Ќе дува умерен, на некои места засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени- вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.
Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи кои ќе бидат од дожд, додека на околните планини ќе има врнежи од снег. Во текот на денот услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и во делови од котлината. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 3 степени.
Според Попоски,  утре ќе се задржи претежно облачно и СТУДЕНО време со повремени локални врнежи кои ќе бидат претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Ќе дува и ЗАСИЛЕН ветер од северен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени во најтоплите предели. Стабилизирање на времето ќе има од среда па натаму кога и температурите ќе бидат доста ниски и минималните понекаде ќе се спуштат до околу -15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 7 степени во крајните југоисточни предели.

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....