7.8 C
Скопје
22:45 - 30 март, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Ќе ни треба ли чадор викендов?

– Денес времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ПОСТУДЕНО со повремени слаби локални врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени – вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 11 степени.

Според Попоски, за време на викендот, како и на самиот почеток од следната недела времето ќе биде променливо облачно и релативно суво со сончеви периоди кој на некои места ќе бидат и подолги. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие повторно ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОД ПРОСЕКОТ за овој период од годината, и минималните понекаде ќе се спуштаат дури до околу -10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени.

Слични објави

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо
Се вчитува....